Двата шпански гиганти Реал Мадрид и Барселона ова лето ќе водат битка и на трансфер пазарот за потписот на плејмејкерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ.
Реал Мадрид во Пјаниќ гледа идеална замена за Лука Модриќ и сака да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“ уште ова лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од друга страна каталонски „Спорт“ тврди дека и Барселона е силно заинтересирана за босанскиот репрезентативец.
Пјаниќ има договор со Јувентус до 2021 година, а се претпоставува дека двата шпански гиганти се спремни за него да платат помеѓу 60 и 70 милиони евра.
Сепак, тешко е да се поверува дека Јувентус ќе дозволи заминување на Пјаниќ, со оглед на фактот што Босанецот е еден од најважните фудбалери на „старата дама“.