Дома Топ вести „Ел Класико“ за ѕвездата на Ајакс

„Ел Класико“ за ѕвездата на Ајакс

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона и Реал Мадрид ќе водат голема битка за потписот на ѕвездата на Ајакс, Френки де Јонг.

Холандскиот играч за врска и покрај големиот интерес ова лето реши да осатне во Ајакс, но само прашање на време е кога ќе се пресели во редовите на некој европски гигант.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Иако Барселона се споменуваше како најреална опција, се чини дека сега Реал Мадрид е во пол-позиција за потписот на Де Јонг.

Шпанските медиуми тврдат дека „кралевите“ веќе спремиле понуда од 80 милиони евра, која клубот од Амстгердам нема да може да ја одбие.

Френки де Јонг игра на позиција дефанзивен ирач за врска, но може да одговори и на позицијата централен дефанзивец.

Де Јонг одлучи уште една сезона да остане во Ајакс и да го продолжи својот развој, најмногу поради фактот што тимот оваа сезона настапува во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…