Дома Трансфер зона Ексклузива на „Ел Чирингуито“: Меси ќе игра заедно со Алба и Бускетса, но не во Барса!

Ексклузива на „Ел Чирингуито“: Меси ќе игра заедно со Алба и Бускетса, но не во Барса!

Шпанската телевизија „Ел Чирингуито“ ексклузивно објави дека Лионел Меси на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ, а постигнал договор кариерата да ја продолжи во Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа вест „Ел Чирингуито“ ја објави само два дена откако Ал Хилал беше поразен во финалето од азиската Лига на шампиони.

Меси во неделата беше во посетан а Ријад со семејството поради што доби казна од управата на „светците“, но денес е вратен на тренинзите порано од првично најавената казна.

Според информациите на „Ел Чирингуито“ Меси се договорил за плата од 300 милиони евра годишно за договор на две години. Покрај тие 300 милиони евра ќе има клазули за одредени бонуси за трофеи и голови.

Шпанската телевизија исто така тврди дека заедно со Меси во шампионатот на Саудиска Арабија ќе продолжат и неговите соиграчи од Барселона, Серхио Бускетс и Жорди Алаба кои на крајот на сезоната стануваат слободни играчи.

Ако овие најави стана реалност во првенството на Саудиска Арабија ќе биде обновено ривалствотро помеѓу Роналдо и Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…