Иако Русите го убедуваа светот дека сите стадиони ќе бидат завршени во предвидените рокови, стадионот во Самара се уште не е подготвен.
Работата на „Космос Арената“ неколку пати беше прекинувана и заостанувањето не е воопшто мало па ФИФА испрати и предупредување до Русија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Загрижени сме поради доцнењето. Има уште многу работи, а роковите веќе се пробиени. Навистина е потребен огромен напор за се да биде завршено на време“, изјави Колин Смит, директор на ФИФА.
Во ФИФА стравуваат дека поради задоцнети рокови нема да успеат на време да ја тестираат својата опрема. Меѓутоа извршниот директор на локалниот организационен одбор Алексеј Сорокин се обиде да ја смири ситуацијата.
„Се ќе биде завршено до крајот на април и ќе има доволно време да се направат сите тестирања“, порача Сорокин.
„Космос Арената“ ќе може да прими 44.918 гледачи, а трошоците за изградба се проценуваат на 320 милиони долари.