Барселона соопшти дека успешно е регистриран Дани Алвес и во иднина Бразилецот ќе има право за настап за каталонскиот клуб.
Алвес во Барселона пристигна на 12. Ноември како слободен играч, а не беше регистриран поради административни проблеми. Меѓутоа сега тие се отстранети, па Алвес може да и помогне на Барселона во куп натпреварот против Линарес Депортиво.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во меѓувреме Алвес беше и позитивен на ковид-19, но сега е излечен и ќе биде на располагање на Чави. Наредната задача на Барселона е да ја заврши регистрацијата на Феран Торес.
Барселона за куп натпреварот против Линарес Депортиво ќе има дури деветмина повикани играчи од академијата поради проблемите во првиот тим со повредите и коронавирусот.