Дома Фудбал Останато Еден од најславните балкански клубови пред згаснување!

Еден од најславните балкански клубови пред згаснување!

Од Бугарија ни пристигнуваа вести дека фудбалскиот клуб Левски Софија е пред згаснување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од најголемите балкански клубови за кој настапувале и повеќе Македонци се најде во тешка ситуација поради кризата која ја создаде коронавирусот и во следните десет дена може да банкротира.

Генералниот директор Павел Колев, спортскиот директор Ивајло Петков и тренерот Петар Хубчев поднесоа оставки кои официјално ќе бидат прифатени за осум дена. Со тоа започна распадот на клубот кој 26 пати беше шампион на Бугарија, а основан е во 1914 година.

Ако раководството не пронајде инвеститор за брзо време најцрното сценарио е многу веројатно.

Инаку, тренерот Хубчев без плата работел од јануари, а целата структура одлучи да го напушти клубот за финансиски да му помогне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Светското првенство 2026. го постави новиот рекорд. Најпосетено во историјата

СВЕТСКОТО првенство во фудбал кое се одржува во САД, Мексико и Канада, влезе во историјата…