Дома Трансфер зона Еден од најискусните го напушта Милан, но останува во Серија А?

Еден од најискусните го напушта Милан, но останува во Серија А?

Како што пренесуваат италијанските медиуми, дефанзивецот ќе го напушти „Сан Сиро“ , но ќе остане во Серија А.

Според „Калчо Меркато“, Габриел Палета ги бори последните денови во редовите на „росонерите“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Со доаѓањето на Леонардо Бонучи и Мусакио, Палета отпадна од првиот тим на Милан и оваа сезона не запиша ниту еден настап па јасно е дека дојде време за разделба.

Палета на „Сан Сиро“ пристигна од Парма за само 3.5 милиони евра во 2015 година, а сега кариерата би можел да ја продолжи во Сасуоло во кој би пристигнал како замена за Паоло Канаваро.

Овој 31 годишен фудбалер има договор со „росонерите“ до крајот на сезоната, па веќе во јануари би можел да преговара со заинтересираните клубови, а би го напуштил Милан наредното лето без оштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…