Дома Фудбал Останато Еден играч од Реал не сакал да се збогува со Мората

Еден играч од Реал не сакал да се збогува со Мората

Шпанскиот фудбалер Алваро Мората по една сезона одлучи да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мората минатото лето од Јувентус се врати во Реал Мадрид, но во минатата сезона не ја имаше минутажата која ја очекуваше. Шпанскиот напаѓач беше на метата на многу европски клубови, но на крајот одлучи дека својата кариера ќе ја продолжи во дресот на актуелниот шампион на Англија, Челзи.

Шпанецот вчера официјално потпиша петгодишен договор, а „Сините“ платија дури 70 милиони фунти што е рекорд за овој англиски клуб. Мората многу емотивно го напушти Реал Мадрид и на последниот тренинг се поздрави со сите своите поранешни соиграчи.

Сепак, шпанските медиуми денеска пренесоа дека Мората не се поздравил со само еден играч од „Кралевите“, а тоа е Карим Бензема. Тие се бореа за местото прв напаѓач на Реал Мадрид и очигледно дека не останале во добри односи бидејќи францускиот играч одбил да се поздрави со Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најголемиот летен-трансфер е подготвен: Барса плаќа 150 милиони, но има два услова за трансферот

Атлетико Мадрид конечно попушти. Од екипата се подготвени да го пуштат Хулијан Алварез во …