Дома Останати Авто Мото „Еден-два“ победа на Ферари во Монте Карло

„Еден-два“ победа на Ферари во Монте Карло

Германецот Себастијан Фетел славеше на денешната трка за Големата награда на Монако, а Ферари имаше двојно славје по 90-ти пат во историјата.

Тимската стратегија го реши прашањето на победникот и го одреди пласманот на здодевната трка во Монте Карло. Се што беше интересно се случуваше помеѓу 35 и 48 круг кога возачите влегуваа во боксовите и ги менуваа пневматиците.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Разочарувачка трка имаше второпласираниот во генералниот пласман Луис Хамилтон, кој тргна од 14-та позиција, но во првата кривина напредуваше за едно место, до 30. круг уште едно, но откако ривалите завршија во боксот, успеа да дојде до шестото место, каде на крајот и заврши.

Третото место го освои Рикардо, кој најмногу му се закануваше на водечкиот двоец, но беше сигурен пред четвртопласираниот Ботас. Петтото место му припадна на Макс Верстапен.

Фетел дојде до третата победа во 2017 година, а следната трка е на 11-ти јуни во Монтреал за Големата награда на Канада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Празнични возбуда и големи добивки со Mozzart!

Време е за Новогодишен возбудлив турнир на Aviator, кој ветува дека ќе ве држи на работ од…