Дома Трансфер зона Европски гигант и „тропнал на врата“ на Барселона со 100 милиони евра за Ансу Фати

Европски гигант и „тропнал на врата“ на Барселона со 100 милиони евра за Ансу Фати

Шпанските медиуми денес пренесуваат дека Барселона одбила огромна понуда за талентираниот Ансу Фати.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според она што се пишува во Шпанија неименуван европски гигант испратил понуда за Фати вредна 100 милиони евра. Бартомеу на понудата имал јасен одговор и не сакал да влегува во преговори, во Барселона се убедени дека Ансу Фати има голема иднина и од него очекуваат многу.

Бартомеу на неименуваниот клуб му порачал дека Фати не е на продажба за било која цена.

Барселона до 30. јуни мора да собере 69 милиони евра за да ги израмни своите финансии и да избегне проблеми со финансискиот фер-плеј. Сепак, во Барса очекуваат таа сума да ја соберат преку Демебеле или Кутињо, а не преку Фати.

Ќе потсетиме Фати на 31. Октомври ќе наполни 18 години, а во својата дебитантска сезона одигра 24 натпревари, постигна пет голови и додаде една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…