Вардар го продолжува фантастичниот старт во Лигата на шампионите – во Скопје падна и Рајн Некар!
Момците во црвено-црно денес повторно прикажаа фантастична игра и славеа против Рајн Некар со 29:27 на домашен терен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За четвртата победа од исто толку натпревар клучна беше играта во второто полувреме, а во клучните моменти на сцена стапи новата ѕвезда на тимот Дејан Милосављев кој имаше неколку фантастични одбрани.
Гостите беа нешто подобар во противник во првото полувреме и скоро во текот на комплетните 30 минути имаа предност, освен во еден момент кога беше 5:5. На полувреме Вардар замина со негатива од два гола 13:15.
Вторите 30 минути започнаа по „мерка“ на македонскиот претставник, брзо вардарци направија серија од 3:0 и го свртеа резултатот во своја полза. Во продолжение гледавме сигурна игра на Вардар и како и во првиот дел кога Рајн Некар скоро цело полувреме имаше предност, сега Вардар беше во таква улога.
На крајот избраниците на Парондо се израдуваа на победа од 29:27.
Најефикасен кај Вардар беше Дибиров со осум гола, а по четири постигнаа Карачич и Борозан. Кај Рајн Некар најрасположен беше Петерсон со седум.
Четврта победа сезонава во Лига на шампиони
Gepostet von RK Vardar am Samstag, 6. Oktober 2018