Дома Трансфер зона Еве каков договор му нуди Барса на Лаутаро Мартинез

Еве каков договор му нуди Барса на Лаутаро Мартинез

Не е тајна дека напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез е прва трансфер желба на Барселона во летниот преоден рок.

Каталонците веќе работат на тој трансфер, а „Тутоспорт“ открива каков договор му нуди Барселона на аргентинскиот голгетер. И покрај фактот што двата клуба се уште не се блиску до договор, сепак од „Камп Ноу“ го искушуваат Лаутаро со богат договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Барселона на Аргнетинецот му понудила плата од 7 милиони евра по сезона и договор на 5 години со автоматско продолжување на уште една година.

Лаутаро моментално во Интер добива 2 милиони евра по сезона, а „нероаѕурите“ се спремни со новиот договор да му понудат плата од 4,5 милиони евра по сезона.

Поради тоа Лаутаро се уште е далеку од договор со Интер, а во неговиот актуелен договор има откупна клаузула од 111 милиони евра, која Барселона е спремна да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…