Голден Стејт Вориорси со 4:0 го совладаа Кливленд во финалето од НБА и така ја одбранија титулата, а Кевин Дурант беше прогласен за МВП во финалната серија.
Дурант после доделувањето на признанието доби прашање дали смета дека тој го заслужил таквото признание или пак тоа требаше да замине во рацете на неговиот соиграч Стеф Кари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто така многумина сметаа и дека наградата требаше да ја освои ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс.
„Би кажал дека е лесно да бидеш најдобар играч кога околу себе немаш добри соиграчи. Многу потешко е да се истакнете кога сте опкружени со фантастични кошаркари. Горд сум на начинот на кој се издвоив. Моите соиграчи ми даваат мотив секогаш да бидам подобар“, порача искусниот кошаркар.
Дурант во просек забележуваше 28.8 поени, 10.8 скокови и 7.5 асистенции. Каква ќе биде реакцијата на Леброн после ваквата изјава на Дурант останува да видиме.