Дома Останати Кошарка Драма на тренинг: Познат француски кошаркар преживеал мозочен удар

Драма на тренинг: Познат француски кошаркар преживеал мозочен удар

Познатиот француски кошаркар Микаел Желабал доживеал срцев удар.

Мозочниот удар Желабал го добил на тренингот на екипата Шалон каде што настапува. Веднаш бил пренесен во болница, а по деталните прегледи сега е во стабилна состојба.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Направив дополнителни прегледи на одделот за интензивна нега, а потоа и на неврологија. Излегов од болница, но морам да одморам неколку недели, па сезоната за мене е завршена“, изјавил Желабал.

За екипата на Шалон тој настапува од 2017 година.

201 сантиметар високиот крилен центар во кариерата смени голем број на клубови, а најмногу успеси имаше во Валенсија со која го освои Еврокупот во 2012 година. Беше шампион на Шпанија со Реал Мадрид и двоен освојувач на францускиот шампионат со Асвел и Стразбур.

Што се однесува до репрезентативната кариера, Желабал беше дел од тимот кој на Франција и ја донесе титулата европски шампион во 2013 година, додека најголем успех на Мундобаскетот беше бронзениот медал во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Еуфорија во светот на кошарката: Леброн Џејмс доаѓа во Европа!?

Леброн Џејмс и понатаму изгледа како во својата 25-та година и многумина тврдат дека ќе пр…