Супер интересен и возбудлив натпревар во рамките од 20-тото коло денес од 13:30 часот одиграа екипите на Лутон и Челзи, а на крајот Челзи успеа да слави со 2:3.
Челзи го започна сигурно натпреварот и ништо не најавуваше дека ќе имаме драматична завршница. Палмер по само 12 минути игра го доведе тимот на Покетино во водство, а во 37-та минута Мадуеке со еден одличен гол зголеми на 0:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На пауза Челзи замина со таа предност, а на 20-тина минути пред крајот Палмер го постигна својот втор гол за веќе убедливи 0:3. По тој, гол како да дојде до опуштање во редовите на „сините“ па до крајот малку фалеше да не победат.
Се започна со голот на Адебајо во 74. минута кој беше поништен поради офсајд. Набрзо само шест минути подоцна Лутон постигна гол за 1:3. Треба да се каже и дека во овој период гледавме комплетна офанзива на домаќините, се редеа шанси пред голот на голманот Петровиќ, а двапати се тресеше и гредата од неговиот гол.
Во 86-тата минута Лутон дојде до 2:3, стрелец беше Адабајо. Не можеше никако Челзи да се соземе видовме уште три-четири добри прилики, но сепак Челзи се извлече и да ги освои трите бода.