Францускиот тенисер Артур Казо колабираше за време на квалификацискиот мач на турнирот од Мастерс серијата во Мајами.
За време на третиот сет од мечот со сонародникот Харолд Мајот, додека се подготвуваше за продолжението на четвртиот гем од третиот сет, моментално 74-ти на АТП листата, Казо само се сруши на теренот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се претпоставува дека причината е жештината, односно исцрпеноста. По укажаната лекарска помош Французинот го предаде мечот при резултат: 4:6, 7:5, 2:1. Во моментот на прекинот температурот на теренот изнесуваше над 35 Целзиусови степени.
Arthur Cazaux fainted in Miami and was forced to retire.
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) March 18, 2024
Likely due to the heat.
Scary scenes.
(via @Tennis4everrr)
pic.twitter.com/hm5yg0aF7Y