Како и што се очекуваше, Бразилецот, Артур Мело ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната потврди агентот на фудбалерот.
Во последниот ден од зимскиот преоден рок Артур пристигна на „Енфилд“ како позајмен фудбалер од Јувентус, а „црвените“ добија право да го откупат за 35 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, тоа нема да се случи. Тоа и се очекуваше, а сега го потврди агентот на фудбалерот. Засега не е познато каде Артур ќе продолжи бидејќи не е во плановите ниту на Алегри во Јувентус.
Артур би можел да го напушти Ливерпул без да дебитира во Премиер лигата затоа што се уште нема настап во најсилната англиска лига, во останатите натпреварувања собра некој настап и запиша 256 минути.