Дома Трансфер зона Дојде како голем талент, а Анчелоти сезонава нема да смета на него?!

Дојде како голем талент, а Анчелоти сезонава нема да смета на него?!

Турскиот суперталент Арда Ѓулер нема да остане во Реал Мадрид оваа сезона, затоа што не му бил потребен на тренерот Карло Анчелоти и ќе замине на позајмица во јануари.

Ѓулер ги скара гигантите Барселона и Реал Мадрид, по што од Фенербахче се пресели во главниот град на Шпанија, каде што воодушеви на подготовките.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Турчинот, сепак, се повреди на подготовките, а во меѓувреме се врати во составот на Анчелоти, но накратко бидеќи повторно се здоби со повреда.

Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти нема да смета на Ѓулер оваа сезона, а засега не е познато каде би играл на позајмица до крајот на 2023/24.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ендрик се враќа експресно во Реал Мадрид!?

Бразилскиот напаѓач Ендрик, кој на почетокот на јануари пристигна како позајмен играч во Л…