Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке е убеден дека Џејдон Санчо ќе остане во клубот и следната сезона.
„Милионерите“ за неговата слобода бараат 100 милиони евра, а Вацке смета дека во моментов нема клуб кој е спремен да ја плати таа сума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако Џејдон дојде и каже дека сака да си замине од Бундеслигата, независно од се, и има клуб кој е спремен да ја плати неопходната сума, тогаш ќе го разгледаме тоа прашање. Но, до сега тоа не се случило. Не мислам дека има клуб кој е спремен да плати колку што ние бараме за Санчо“, изјави Вацке.
„Ние со сигурност нема да правиме попуст поради пандемијата. Стигнавме до таа етапа на развој на клубот, во која не сме приморани да ги продаваме ѕвездите по секоја цена. Затоа не верувам дека ќе има трансфер на Санчо ова лето“, категоричен беше директорот на Борусија Дортмунд.