Со натпреварите од 34.коло заврши сезоната во германската Бундеслига. Последното коло донесе две трилер завршници, по кои ХСВ избори опстанок во лигата, а Дортмунд директен пласман во Лигата на шампионите.
ХСВ успеа да слави против Волфсбург 2:1 и да избори опстанок додека Волфсбург ќе игра бараж за опстанок против третопласираниот тим од Цвајта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За да останат во Бундеслигата на играчите на Волфсбург им беше потребен нерешен резултат, го имаа се до 88.минута кога Валдшмит ги постави конечните 2:1. Претходно „волците“ водеа со голот на Кнаше, а израмни Костиќ.
Одличен меч во Дортмунд одиграа Борусија и Вердер кој заврши со триумф на домаќинот 4:3. Борусија до победата дојде со голот на Обамејанг од пенал постигнат во 89.минута.
Старо-нов шампион на Германија е Баерн, покрај Баварците пласман во Лигата на шампионите изборија Лајпциг и Борусија Дортмунд, додека Хофенхајм ќе игра во квалификациите.
Сепак, доколку УЕФа не му дозволи на Лајпциг да настапи во ЛШ, тогаш Хофенхајм ќе и оди директно во елитата, додека квалификации ќе игра Келн.
Од лигата испаднаа Дармштат и Инголштат, Волфсбург ќе игра бараж за опстанок.
Најдобар стрелец во Бундеслигата, во сезоната 2016/2017 е Пјер-Емерик Обамејанг. Напаѓачот на Дортмунд постигна 31 гол во првенството.