Дома Трансфер зона Дортмунд во Ливерпул ја најде замената за Халанд

Дортмунд во Ливерпул ја најде замената за Халанд

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.

25-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но најсилен е интересот на Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ во Белгиецот гледаат идеална замена за Халанд, кој на крајот на сезоната најверојтано ќе биде продаден.

Борусија Дортмунд може да го добие потписот на Ориги за 14 милиони евра, сума која се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…