Тимот на Далас бележи лоши резултати во последно време и во последните десет натпревари Мавси забележаа осум порази. Еден од оние кои се најкритикувани е Лука Дончиќ.
Дончиќ често пати е мета на критики поради својата тежина, нешто за кое е и самиот свесен.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Бавен сум на теренот, знам дека морам итно да ослабам. Свесен сум дека луѓето најмногу ме критикуваат затоа што сметаат дека сум дебел. И во право се“, призна Дончиќ после вчерашниот пораз на Далас од Бруклин.