Лука Дончиќ изминатата вечер повторно имаше свои фантастични моменти, а постигна дури 49 поени во победата против Бруклин.
Сепак, најмногу се издвои со тројката пред крајот на натпреварот при резултат 120:120. Далас тогаш поведе со три поени разлика, а на крајот славеше со 125:122. Новинарите го запрашаа Дончиќ за таа тројка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не знам како ми успеа. Видов дека остануваа само уште две три секунди и си кажав дека мора да шутирам. Морав да го погодам барем обрачот за да имаме шанса за нов напад, но ете ми успеа, не знам како“, изјави Дончиќ кој не криеше и дека тоа е веројатно најтешкиот шут кој го погодил во кариерата.
Мечот покрај 49 поени го заврши со уште 10 скока и седум асистенции.
🚨 LUKA DONCIC ARE YOU KIDDING ME? 🚨
— NBA (@NBA) October 28, 2023
HE HAS HIT 4 STRAIGHT CLUTCH TRIPLES TO REACH 49 POINTS.
Mavs up 3 with 12.5 seconds left: https://t.co/1wqRX7Uwkw pic.twitter.com/cK9d9Vzzsl