Дома Трансфер зона Доколку Арсенал не го пушти Санчез во јануари, Пеп го доведува „промашувањето“ на градскиот ривал!?

Доколку Арсенал не го пушти Санчез во јануари, Пеп го доведува „промашувањето“ на градскиот ривал!?

Манчестер Сити доминира во Англија, но Пеп Гвардиола не сака ништо да препушти на случајноста и сака веќе во јануари да го засили тиимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изгледа зимскиот преоден рок во Англија ќе биде поинтересен од било кога. Гигантите се спремни за шопинг, а еден од нив е и тимот од „Итихад“.

Познато е дека голема желба на Пеп е Алексис Санчез од Арсенал и договорот наскоро би можел да биде постигнат, но Шпанецот има и резервен план.

Имено резервна опција за Гвардиола е Вилфред Заха кој настапува за Кристал Палас и кој претходно беше на мета на Тотенхем. Англиските медиуми тврдат дека во трката за овој фудбалер е и Челзи, но и Арсенал.

Сепак, наводно  „грѓаните“ веќе спремиле понуда од 40 милиони фунти што би требало да биде доволно за Заха да го облече дресот на Сити.

Да потсетиме, Заха го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, но на „Олд Трафорд“ не се прослави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…