Дома Фудбал Англија Доживеа фијаско во италијански нисколигаш и не се прослави во младинците на Џенова – кој е наследникот на Конте во Тотенхем?

Доживеа фијаско во италијански нисколигаш и не се прослави во младинците на Џенова – кој е наследникот на Конте во Тотенхем?

Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви одлучи да го отпушти Антонио Конте на десет кола пред крајот на сезоната во Премиер лигата и на неговата позиција да го постави Кристијан Стелини.

Во прашање е човек кој беше помошник на Конте во Тотенхем, но и претходно во првата сезона на Конте во Јувентус.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имаше обид Стелини за самостојна тренерска кариера, но тоа беше фијаско. Во сезоната 2017/2018 беше тренер на нисколигашот Алесандрија и доби отказ за помалку од шест месеци бидејќи запиша две победи на 14 натпревари.

Исто така во тие 14 натпревари неговиот тим постигна 13, а прими 18 голови. Претходно Стелини работеше во У19 тимоит на Џенова, но ниту таму не се прослави и имаше процент на победи од 53% во период од две години.

После неславните самостојни епизода, се врати во стручниот штаб на Конте во Интер и сега во Тотенхем. Со Тотенхем сега го има најголемиот предизвик, иако првичнот е поставен како привремено решение. Целта на „петлите“ е да обезбедат место во топ четири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Холандскиот голман на 43 години смени клуб

Поранешниот голман на Ајакс, Ремко Пасвер кариерата ќе ја продолжи во Хераклес. Искусниот …