Дома Топ вести Додека се чека Меси на „Етихад“ пукна друга трансфер „бомба“

Додека се чека Меси на „Етихад“ пукна друга трансфер „бомба“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити и Наполи се блиску до договор за трансфер на Калиду Кулибали.

„Граѓаните“ платија 40 милиони фунти за Нејтан Аке од Бормут, но и покрај тоа, Пеп Гвардиола планира да троши пари за да ја засили одбраната, а токму Кулибали е примарна цел.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Наполи минатото лето одби богати понуди за Кулибали, но сега работите се променија и е спремен да го продаде.

Кулибали веќе има комплетен договор со „граѓаните“ кои испратија понуда од 70 милиони евра плус бонуси.

Во моментов се договараат последните детали околу бонусите кои би требало да изнесуваат 5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…