Дома Топ вести Договор на повидок: Гвардиола добива грандиозно засилување

Договор на повидок: Гвардиола добива грандиозно засилување

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити и Наполи се блиску до договор за трансфер на Калиду Кулибали.

„Граѓаните“ платија 40 милиони фунти за Нејтан Аке од Бормут, но и покрај тоа, Пеп Гвардиола планира да троши пари за да ја засили одбраната, а токму Кулибали е примарна цел.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Наполи минатото лето одби богати понуди за Кулибали, но сега работите се променија и е спремен да го продаде.

Кулибали веќе има комплетен договор со „граѓаните“ кои испратија понуда од 70 милиони евра плус бонуси.

Во моментов се договараат последните детали околу бонусите кои би требало да изнесуваат 5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…