Дома Фудбал Англија „Доведувањето на Кавани за Јунајтед е очајнички потег“

„Доведувањето на Кавани за Јунајтед е очајнички потег“

Eдисон Кавани во последниот ден од преодниот рок потпиша договор со Манчестер Јунајтед и голем дел од навивачите од него имаат големи очекувања.

Сепак, искусниот Хари Реднап смета дека доведувањето на Кавани е очајнички потег да направи нешто после фијаското кое го доживеа против Тотенхем поразот од 1:6.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Знам и јас да ризикувам понекогаш, но не како Манчестер Јунајтед. Нив им требаше некој после шокот од Тотенхем. Тоа што го доведоа на 33 години и му дадоа плата од 221.000 фунти неделно во последниот ден од преодниот рок за мене е очајнички обид“, изјави поранешниот стратег на Тотенхем.

Очекувањата се Кавани да дебитира против Њукасл на 17. октомври во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Згаснува идејата за Суперлига: Барселона ќе го напушти проектот!?

Барселона сериозно размислува да се повлече од проектот за Суперлигата, откако односите на…