Дома Фудбал Италија Добри вести за Милан пред мечот на „Олд Трафорд“

Добри вести за Милан пред мечот на „Олд Трафорд“

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли доби добри вести пред гостувањето кај Манчестер Јунајтед во во Лига Европа во четврток.

„Росонерите“ во моментов имаат голем број на повредени фудбалери, па Пиоли на последниот меч против Верона не можеше да смета дури на 9 првотимци.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Тео Хернандес, Тонали, Ребиќ и Кјаер ќе бидат спремни за мечот со Манчестер Јунајтед.

Бенасер, Чалханоглу и Манџукиќ се брзо до враќање на терените и би требало да се вратат за дербито со Наполи во недела.

Што се однесува до Ибрахимовиќ, последните прогнози се дека ќе биде спремен за реваншот со Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Што се случува со Јамал? Неговата реакција привлече големо внимание (Видео)

Барселона ја отвори сезоната со убедлива победа над Елче со 5:0, но настапот на Ламине Јам…