Дома Фудбал Добри вести за Барса: Умтити набрзо се враќа на терените!

Добри вести за Барса: Умтити набрзо се враќа на терените!

Централниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити е блиску до враќање на терените после повредата, пренесуваат каталонските медиуми.

Умтити е надвор од терените еден месец бидејќи имаше силно болки во коленото. Лекарскиот тим се реши на конзервативен метод на лечење без операција, што очигледно беше добар потег.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Вчера 24-годишниот француски репрезентативец започна со тренинзи, но тренираше самостојно, не со остатокот од тимот.

Се очекува за една недела Умтити регуларно да тренира со остатокот од тимот, а на терените би требало да се врати на крајот на ноември кога Барселона ќе му гостува на Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешниот голман на Англија удри по Тудор: Така не се води тим! (Видео)

Вчера голманот на Тотнем Антони Кински имаше вечер за заборав.. Чешкиот чувар на мрежата б…