Трансфер од Барселона во Реал или обратно се смета за едно од најголемите предавства помеѓу навивачите на овие екипи.
Само некои фудбалери преминуваа од едниот во другиот табот, а потоа беа пречекувани како најголеми непријатели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот Карлес Алења ги помина сите категории на Барса. Тој е голем навивач на овој клуб, но бидејќи не доби прилика на „Камп Ноу“ замина на позајмица во Бетис.
Иако ја сака Барселона во разговор за „Ел Ларгуеро откри дека не би одбил трансфер во Реал.
„Не би одбил можност да играм за Реал Мадрид. Животот е полн со препреки. До крајот на животот ќе навивам за Барселона, но навикнат сум никогаш да не кажувам никогаш“, изјави Алења.
Зборуваше и за односот со Валверде.
„Валверде никогаш не ми објасни зошто не играм. Меѓутоа имавме добар однос и никогаш нема да заборавам што направи Барселона за мене“, порача Алења.