Миладин Дадо Пршо го оствари сонот на многу фудбалери кои играат во аматерскиот ранг и стигна до Лигата на шампиони (ЛШ) директно од автомеханичарска работнилница, во која беше вработен.
Пршо не успеа да се пробие во Хрватска со фудбалот, па замина во Франција и до 22 години работел како автомеханичар, пред да го забележи Монако на еден пријателски меч.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Пушеше повеќе од две кутии цигари дневно. Секоја ноќ пиеше пиво во близина на својот мал стан. Имаше 100 кг и проблем со алкохолот, а животот му се смени поради една жена“, откриваат медиумите.
Хрватот ја запознал Французинката Керол која му била спас и го препородила. Тој ослабел 20 кг, го намалил бројот на цигари и викендите ги минувал на фудбалските терени.
Стигна да испише историја во ЛШ и на еден меч да постигне дури четири гола против Депортиво Ла Коруња во 2003 година, но и да го промени своето име од Миладин во Дадо, како што му бил прекарот.
Пршо трипати беше најдобар хрватски фудбалер, а кариерата ја заврши во Глазгов Ренџерс поради повреда.