Следната сезона Вардар нема да смета на услугите на Кристијан Дисингер, Германецот ќе се пресели во редовите на Динамо Букурешт од Романија.
Договорот е постигнат, Дисингер се согласил на соработка од две години и се најавува како големо засилување за романскиот шампион. Треба да се спомене дека тој ќе биде првиот германски репрезентативец кој ќе игра во ракометната елита.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дисингер во Романија заминува по три сезони во Вардар со кој освои две домашни титули и трофејот во Лигата на шампионите.
За репрезентацијата на Германија собра 19 настапи и постигна 42 голови.