Дома Фудбал Италија Директорот на Јувентус: Смешно е некој да се сомнева во Де Лихт, тој е нашата најдобра инвестиција!

Директорот на Јувентус: Смешно е некој да се сомнева во Де Лихт, тој е нашата најдобра инвестиција!

Спортскиот директор на „старата дама“, Фабио Паратичи изјави дека Матијас де Лихт е најдобрата инвестиција на Јувентус.

Паратичи е „архитект“ на овој Јувентус и најзаслужен за добрите трансфери, а тој го избра 20-годишниот Холанѓанец како најдобрата инвестиција на „бјанконерите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Најдобрата инвестиција која некогаш сме ја направиле. Се смеам кога ќе слушнам дека некој се сомнева во него. Отсекогаш сум бил сигурен во неговите квалитети“, изјави Паратичи.

„Неговите соиграчи ми рекоа дека е феноменален. Зошто? Бидејќи има 20 години, игра стопер во еден огромен тим. Тоа е лудост. Поради повредата на Киелини тој веднаш влезе во игра. Тој ќе ја обележи оваа ера и ќе биде најдобар дефанзивец во наредните 10 години“, заклучи Паратичи.

Де Лихт ова лето пристигна во Јувентус за 75 милиони евра и имаше тежок старт на сезоната, па често беше мета на критики.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона има листа која е сè подолга, а опциите сè полоши – ова се решенијата за една од најважните позиции!?

Тренерот на Барселона Ханси Флик и спортскиот директор Деко се согласија дека клубот треба…