Дома Топ вести Директорите на Манчестер Јунајтед пристигнаа во Барселона за Де Јонг

Директорите на Манчестер Јунајтед пристигнаа во Барселона за Де Јонг

Денес директорите на Манчестер Јунајтед пригнаа во Барселона, а на дневен ред ќе биде трансферот на Френки де Јонг, пренесува новинарот Жерард Ромеро.

Манчестер Јунајтед веќе подолго време преговара со Барселона за трансфер на Холанѓанецот, а преговорите по се изгледа влегуваат во финална фаза.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Денес извршниот директор на „црвените ѓаволи Ричард Арнолд и неговиот колега Џон Мартоу имаа средба со директорите на Барселона Матеу Алемани и Жорди Кројф.

Јунајтед веќе подолго време се обидува да го договори трансферот на Холанѓанецот, но во моментов проблем е што самиот играч одбива да се пресели на „Олд Трафорд“ бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…