Дома Македонски спорт Димитриевски: Многу сум среќен за новиот успех со Македонија, а ова е мојот најдобар старт на една сезона

Димитриевски: Многу сум среќен за новиот успех со Македонија, а ова е мојот најдобар старт на една сезона

Македонскиот голман Столе Димитриевски се врати во Рајо после изборениот мундијалски бараж со Македонија.

На Рајо му оди одлично во Примера и се наоѓаат на шестата позиција. Димитриевски е еден од најдобрите поединци на овој тим, а посебно се истакна со одбранетиот пенал против Барселона, натпревар после кој Роналд Куман доби отказ.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Се вратив мирен и среќен, со две победи и осум постигнати гола, а само еден примен. Навистина овој нов успех со Македонија ме прави среќа. Сега моето внимание е насочено кон Мајорка, имаме самодоверба и треба така да продолжиме“.

Нема дилеми дека ова е неговиот најдобар старт.

„Се надминав, но секако дека простор за напредок има. Без дилеми ова е најдобриот мој старт во сезоната. Тимот е добар, атмосферата е одлична и се оди добро. Можеби никој не очекуваше ваов почеток, меѓутоа треба да освојуваме уште бодови“, порача македонскиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…