Дома Трансфер зона Диего Коста доби понуда од бразилскиот великан

Диего Коста доби понуда од бразилскиот великан

Диего Коста би можел до крајот на преодниот рок да го напушти Атлетико Мадрид.

Тимот од Мадрид е спремен да го продаде 30-годишниот напаѓач, а претходно Диего се поврзуваше со враќање во Премиер лигата, откако интерес покажаа Волвс и Евертон.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Сепак, во борба за неговиот потпис се вклучи и бразилскиот великан Фламенго. Тие се спремни да го донесат Коста во своите редови, но пред себе има сериозен проблем.

Тоа е неговата плата. Коста во Атлетико заработува 8.5 милиони евра и ако Фламенго се согласи да му плаќа толку, ќе биде дупло повеќе платен од Габриел Барбоса, главниот напаѓач на тимот.

Сепак, тешко е да се верува дека Коста ќе се одлучи да се врати во Бразил. Убеден е дека може да игра уште многу во Европа и веројатно ќе прифати некоја од понудите од Англија.

Нормално, не е исклучено и да остане во Атлетико Мадрид. Иако не се прослави во дресот на овој тим, мадридскиот клуб би можел да му даде дополнителна шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер на чекор до големо засилување

Според трансфер експертот Фабрицио Романо, Интер е во напредни преговори со крилото на Оли…