Дома Фудбал Дивјачки старт над Мбапе: Одекна морничав врисок, на стадионот молк, сите гледаа во Килијан кој се вртеше од болка!

Дивјачки старт над Мбапе: Одекна морничав врисок, на стадионот молк, сите гледаа во Килијан кој се вртеше од болка!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен се пласираа во четврт-финалето на Купот на Франција, кои на домашен терен рутински го победија Брест со резултат 3:1.

Оваа победа можеше скапо да ги чини Парижаните бидејќи најдобриот играч на тимот Килијан Мбапе за среќа избегна тешка повреда во 69. минута од натпреварот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во 69. минута „Паркот на принцовите“ замолкна, кога брутално стартуваше дефанзивецот на Брест, Лилиан Бразие. Ногата на одличниот фудбалер целосно ја промени положбата, Мбапе врескаше од болка. На почетокот се чинеше дека нема да може да го продолжи натпреварот.

За среќа, по укажаната лекарска помош успеа да го заврши натпреварот.

Дефанзивецот на Брест доби жолт картон за овој остар старт, а бидејќи веќе имаше жолт, мораше порано да го заврши натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позајмицата на Коло Муани истече: ПСЖ ќе го пушти во Јувентус под еден услов!

Рандал Коло Муани беше на позајмица во Јувентус каде што навистина се истакна со одлични н…