Рускиот ракометар Тимур Дибиров летово си замина од македонскиот првак Вардар, откако екипата остана без учество во Лигата на шампиони (ЛШ), по што потпиша за ППД Загреб.




Дибиров сè уште ги следи натпреварите на Вардар, а тоа го покажа по поразот на „црвено-црните“ од Нексе Нашице, по што испрати порака на социјалните мрежи.




Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
„Глава горе момци“, напиша Дибиров на неговиот профил на Инстаграм.




