Дома Фудбал Италија Дибала: Во вакви тешки времиња мораме да се држиме заедно

Дибала: Во вакви тешки времиња мораме да се држиме заедно

Фудбалерите на Јувентус се наоѓаат во голема криза од почетокот на сезоната во Серија А.

Неверојатно е што после четири одиграни кола Јувентус се наоѓа на 18. место со два освоени бодови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Старата дама“ и понатаму е без победа во новата сезона, а во претходното коло Јувентус ремизираше против Милан 1:1 на свој терен. Јасно е дека во Јувентус владее криза, а ваков лош старт секако е разочарување за навивачите.

После натпреварот против Милан дури и Масимилијано Алегри ги изгуби нервите и со повисок тон им се обратил на играчите. Пред утрешното гостување кај Специја во петтото коло се огласи Паоло Дибала.

„Во вакви тешки времиња мораме да се држиме заедно. Работевме на тоа во минатото сега треба да го повториме. Заедно до крај“, порача Аргентинецот.

Натпреварот помеѓу Специја и Јувентус во рамките од 5. коло во Серија А се игра утре од 18:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…