Паоло Диабала веројатно ќе ги напушти редовите на Јувентус во летниот транфер период.
Аргентинецот е еден од оние фудбалери кои се отпишани во редовите на „Старата дама“ и ќе се обидат да го продадат во следниве месеци. За Диабала има голем интерес. Се поврзуваше со Атлетико Мадрид како замена за Гризман, но на крајот би можел да заврши во Манчестер Јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Tuttosport“ тврди дека братот на Паоло и агентот веќе одамна се во контакт со управата на „Црвените ѓаволи“ и на крајот Аргентинеот би можел кариерата да ја продолжи на „Олд Трафорд“. Исто така, истиот весник тврди дека можна е и замена во која би учествувале Диабала од едната и Пол Погба од другата страна, што веќе подолго време се споменува како можна опција.