Шпанските власти го прогласија Анхел Ди Марија за виновен во случајот за затајување на данок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ди Марија е обвинет за два случаја уште од времето додека настапуваше за Реал Мадрид. За четири години колку што беше член на Реал, Аргентинецот шпанските власти ги измамил за вкупно 1.14 милиони фунти, а наводно на судот го признал кривичното дело.
Тој поради овој случај ќе мора да плати парична казна во износ од 1.76 милиони фунти, но беше и осуден на казна затвор во траење од една година. Сепак многу веројатно дека од затворската казна ќе биде ослободен.