Дома Фудбал Лига на шампиони Дефанзивецот на Челси: Иниеста не е добредојден на „Стенфорд Бриџ“

Дефанзивецот на Челси: Иниеста не е добредојден на „Стенфорд Бриџ“

Фудбалерите на Челси утре на домашен терен ја пречекуваат Барселона во рамките од првиот наптревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

Ждребот сакаше во 1/8 финалето да се сретнат старите ривали Челси и Барселона кои во последните десетина години имаа навистина жестоки дуели во нокаут фазите од ова натпреварување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Посебно болно за „сините“ е полуфиналето од 2009 година кога беа елиминирани од Барселона, а херој за Каталонците во тој натпревар беше Андрес Иниеста кој постигна погодок во последните моменти од натпреварот.

На еден ден пред почетокот на натпреварот, Цезар Азпиликуета порача дека Иниеста не е добредојден во Лондон.

„Андрес Иниеста не е добредојден н на „Стенфорд Бриџ“. Тој гол ја промени историјата и верувам дека навивачите на Челси се уште го чуствуваат во своите срца. Андрес и понатаму важи како кошмар за овој клуб и мислам дека нема да биде дочекан пријателски“, изјави Азпиликуета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арбелоа „замрзнал“ дефанзивец на Реал Мадрид по конфликт

“Марка” открива за сериозен конфликт во Реал Мадрид, кој избувнал помеѓу трене…