Децата на Астон Вила вчера изгубија од Ливерпул во ФА Купот откако целиот прв тим на Вила мораше да оди во Астон Вила.
Далеку од тоа дека младинците на Астон Вила се посрамотија, напротив добро се држеа се до 60. минута кога Ливерпул на брзина постигна три гола и ги постави конечните 1:4. Натпреварот до крајот на својот живот сигурно ќе го памети Луис Бери, 17 годишното момче кое успеа да му даде гол на шампионот на Англија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот токму тој се најде во една интересна ситуација. Бери прво си го замени дресот со Бразилецот Фабињо, но потоа после совет на еден од лицата во стручниот штаб дека за спомен требало да го задржи својот потрча да го стигне Фабињо. Бери го стигна Фабињо му објасни и си го побара назад дресот, ѕвездата на Ливерпул направи голем потег со тоа што својот дрес тој му го остави и не сакаше да си го земе назад.
This is amazing 😂
— Football on BT Sport (@btsportfootball) January 8, 2021
Louie Barry swapped shirts with Fabinho, but after a word with a member of Villa staff, chased him down the tunnel to ask for it back!
Now he's got Fabinho's shirt, and his debut shirt 🤝#EmiratesFACup pic.twitter.com/6P36O5ciiW