Дома Фудбал Англија Детали од скандалот: Англискиот репрезентативец се обложувал и против својот тим!

Детали од скандалот: Англискиот репрезентативец се обложувал и против својот тим!

Aнглискиот фудбалски сојуз (ФА) неодамна го суспендираше напаѓачот Иван Тони поради аферата со обложување, а сега се објавени и дополнителни детали во врска со целиот случај.

Во истрагата е откриено дека поранешниот напаѓач на Њукасл дури седум пати се обложил на пораз нас војот тим, иако во тоа време бил на позајмица во Виган и не играше за Њукасл.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Од 29 облози, 13 беа на тимот на Тони и се предвивуваше нивни пораз во седум различни натпревари помеѓу 22. август 2018 година и 3. март 2018. Година“, стои во соопштението од ФА.

Оваа сезона напаѓачот се истакна во дресот на Брентфорд и постигна 21 гол на 35 натпревари. Вкупно постигна 58 голови во 124 натпревари за тој клуб. Пред два месеци благодарение на своите одлични настапи во Премиер лигата дебитираше и за англиската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гигантите во битка за Хрватот кој блескаше и вчера – никој нема да го добие за помалку од 60 милиони евра!

Младиот дефанзивец моментално игра на позајмица од Тотенхем, кои го купија од Хајдук за 11…