Дома Фудбал Италија Дербито Јувентус – Интер може да се игра следниот понеделник

Дербито Јувентус – Интер може да се игра следниот понеделник

Постои веројатност одложеното дерби помеѓу Јувентус и Интер да се одигра следниот понеделник на 9-ти март, пренесуваат италијанските медиуми.

Натпреварот требаше да се игра синоќа, најпрво беше одлучено да се игра без публика поради корона вирусот, а потоа и официјално беше одложен.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Првично мечот беше преместе да се игра на 13-ти мај, но двата клуба настојуваат да се избере друг датум, па постои веројатност дербито да се одигра следниот понеделник.

„Има смисла во овој предлог да се игра следниот понеделник, но сакам да ги слушнам и другите предлози“, изјави директорот на Интер, Марота.

Проблемите околу корона вирусот во Италија не престануваат, па постои можност и следниот викенд да бидат одложени неколку натпревари, како и полуфиналните дуели од Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рапер го навреди Мбапе, Французинот брзо му одговори: Ме молеше да те пуштам на стадион!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е во центарот на вниманието во француската јавност пора…