Викендов се враќаат возбудувањата во македонската Прва лига и тоа веднаш ни носи дерби натпревар во кој ќе се сретнат актуелнипт шампион Шкупи и Шкендија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот поради казната на Шкупи по инцидентот во македонскиот куп исто така против Шкендија мора да играа на 100 км од Чаир, па нивниот избор како и во претходните натпревари е Кичево.
Новост за овој натпревар е што на натпреварот нема да биде дозволено влез на навивачи.
Покрај натпреварот помеѓу Шкупи и Шкендија тука се средбите: Брегалница – Скопје, Македонија Ѓорче Петров – Академија Пандев, Тиквеш – Струга и Победа – Работнички.
Сите средби се играат в недела со почеток од 14:00 часот.
Фото: ФК Шкупи