Дома Фудбал Англија Дерби со измама го обезбедил потписот на Руни!?

Дерби со измама го обезбедил потписот на Руни!?

Во текот на вчерашниот ден беше потврдено дека ветеранот Вејн Руни од јануари се враќа во Англија.

Руни се враќа на Островот и ќе биде играч-тренер во тимот на Дерби Каунти во Чемпионшип.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Набрзо по потврдата на ангажманот на Руни беше откриено дека тој во Дерби ќе заработува 100.000 фунти неделно, па англиските медиуми си го поставија прашањето – има ли Дерби толку пари?

Според информациите првиот човек на клубот Мел Морис направил измама за да го заобиколи финанскиот фер-плеј и преку негова фирма го спонзорирал договорот на ветеранот.

На оваа ситуација реагираа Барнли и ВБА. Тешко е да се верува меѓутоа останува мала можност дека трансферот на Руни би можел да биде поништен.
Претходно во Чемпионшип поради непочитување на финанискиот фер-плеј Бирмингем заработи казна од минус девет бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар доживеа дебакл на првата контролка во Турција – прими шест гола!

Екипата на Вардар, која моментно ја држи лидерската позиција во Првата македонска фудбалск…