Дома Фудбал Останато Денисов го моли Путин да стави крај на војната: Можеби ќе ме убијат за ова

Денисов го моли Путин да стави крај на војната: Можеби ќе ме убијат за ова

Поранешниот капитен на руската репрезентација, Игор Денисов ја критикуваше инвазијата на неговата земја во Украина, признавајќи дека коментарите може да го чинат скапо.

38-гоишниот Денисов, кој беше капитен на Русија од 2012 до 2016, а со Зенит Санкт Петерсбург го освои УЕФА купот во 2008 година, со овие изјави ризикува затвор до 15 години според новиот закон за тие кои го критикуваат конфликтот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денисов гостуваше на канал на Јутјуб и во своето интервју апелирал до рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на војната.

„Сите овие настани се катастрофа. Целосен ужас. Не знам, можеби ќе ме затворат или убијат за овие зборови, но јас ги кажувам фактите“, рече Денисов.

Тој вели дека е подготвен да го моли Владимир Путин да ја прекине војната и дека не се плаши за својот живот.

„Дури и реков подготвен сум да клекнам пред него. Јас сум горд човек, но подготвен сум да клечам и го молам да престане со сето тоа“, истакна Денисов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Онана му подари гол на Плзен, но Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт …