Дома Фудбал Италија Денес Јувентус ги добива назад 15-те бодови?

Денес Јувентус ги добива назад 15-те бодови?

Како што стојат работите на Јувентус ќе му бидат вратени одземените 15 бодови поради финанската измама.

Имено, Јувентус испрати жалба на донесената одлука и по вчерашното судење изгледа дека во Торино се во предност во спорот со Фудбалската федерација на Италија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иако се најавуваше дека вчера одлуката ќе биде донесена, сепак таа се одложи за денес.

Aко федерацијата му ги врати бодовите на Јувентус, „старата дама“ би скокнала на третата позиција и ќе биде во добра позиција за излез во Лигата на шампионите.

До крајот на сезоната во Серија А остануваат уште осум кола. Јувентус вечерва го очекува и реваншот од четвртфиналето во Лигата на Европа против Спортинг, во првиот натпревар клубот од Торино победи со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ништо од Милан: Лопетеги се врати во Премиер лигата

Хилиен Лопетеги се поврзуваше со Милан, но на крајот се врати во Премиер лигата, Шпанскиот…